Култура Топ вести

Актерите од театарот во Струмица најавуваат бојкот на работата

Струмичките актери ќе ја бојкотираат работата на театарот се додека не им се исполнат поставените услови. Ансамблот на Антон Панов не отстапува од барањето да се промени директорот на центарот за култура во чиј состав функционира и театарот.

Актерите упатуваат и сомневања за злоупотреба на службената положба на директорот Васил Бубев затоа што според нив извршил прерадспрелба на работник со средно образование на позиција за која е потребно високо образование.

Неколку месеци наназад актерите протестираат за назначувањето на Васил Бубев за директор на институцијата Антон Панов. Тие имаа средба и со министерката за култура и со претставници на кабинетот на претседателот Пендаровски. Револтот е што за директор е избран кандидат со завршен факултет за физичка култура, а одбиени се две кандидатки: актерка и магистерка по менаџмент на култура.

Сузана Мицева

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сомнежи за злоупотреба на боледувања – контролите двојно зголемени

Дејан Дејан

Со заем од две милијарди евра за брза пруга, јавниот долг може да скокне до 64,7 отсто

Дејан Дејан

Колку се безбедни пешачките зони?

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе