Вести Македонија Топ вести

Постарите Битолчани масовно се вакцинираат

Битолчанецот Димитар Велјановски, лекар во пензија, заедно со сопругата беа  меѓу првите кои се  вакцинираа   во Регионалниот вакцинален центар во Битола. Масовната имунизација започна во 10 часот, кога беа закажанаи првите термини преку матичните лекари и апликацијата вакцинација.мк. Велјановски порачаa дека нема друг начин за справување со оваа пандемија освен вакцинација.

Треба секој да се вакцинира. Она што нуди здравството, здравствената наука, добро е секој себе да го претпочита тоа, изјави Велјановски

 

Да се заштитам себе, фамилијата и целиот народ наш, тоа е светски проблем кој што мора да се реши, изјави неговата сопруга.

На пунктот доаѓаа и граѓани кои не се пријавиле и  бараа информација како да се вакцинираат.

  • Сакаме да се вакцинираме, возрасни сме, денеска ќе одиме кај матичниот лекар да добиеме термин, рече битолчанка
  • Да се вакцинираме, тоа е добро, секој треба да се вакцинира, поради себе и другите, рече битолчанец.

Во Регионалниот центар за вакцинација во битолското Медицинско училиште  ќе се вакцинираат жителите од 5  општини-Битола, Прилеп, Демир Хисар, Крушево и Македонски Брод. Вкупно досега  се пријавиле 18 илјади граѓани, а дневно се закажани  околу 900. Доколку интерсот за вакцинација се зголеми ќе се зголеми и дневната динамика.

  • За ова недела оди повозрасната популација. Во петок ќе се направи пресек и ќе се слегува старосната граница на помладата популација. Апел до населението да се пријавуваат на вакцинација.мк и од таму ќе добијат повратна информација за кога ќе биде закажан терминот, вели Весна Спирковска, директр на Здравствен дом Битола.

Вчера во Битола пристигнаа 5000 вакцини од кинески Синофрам, а вакцините ќе се доставуваат етапно. Веќе за утре е најавено дека ќе пристигне нова пратка.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Синот на норвешката принцеза осомничен за три случаи на силување и 23 други кривични дела

Дејан Дејан

Врховниот Суд на САД ја ограничи моќта на судиите да ги блокираат извршните наредби на Претседателот Трамп на национално ниво

Дејан Дејан

Паднати дрвја и поплавени улици и патишта поради невреме во Тетово

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе