Вести Македонија Топ вести

Кризниот штаб не ја прашал Комисијата за заразни дали да ги олабави мерките

Комисијата за заразни болести утринава имала состанок, но точката за олабавување на мерката за скратување на полицискиот час да почнува од 23 часот воопшто не била дискутирана, бидејќи како што велат извори од таму, кризниот штаб воопшто не ја консултирал.

Кризниот штаб сам одлучил, што според комисијата за заразни не е првпат да не бидат прашани за мерките. Владата денеска на седница во 19 часот ќе одлучува за новиот предлог од кризниот штаб, полицискиот час да почнува од 23 и да трае до 05 часот изутрина, а летните тераси на кафеаните да работат до 22.30 часот.

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје, во периодот од 26 април до 2 мај бројот на ново заболени се намалил за 39,7%, но се намалил и бројот на тестирања за 17,6% во однос на неделата претходно. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје 41,5 отсто. Највисока неделна инциденца е регистрирана во Виница. Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60. Пријавени се 167 смртни случаи од 22 градови, што е за 20,9 отсто помалку во однос на минатата недела.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Синот на норвешката принцеза осомничен за три случаи на силување и 23 други кривични дела

Дејан Дејан

Врховниот Суд на САД ја ограничи моќта на судиите да ги блокираат извршните наредби на Претседателот Трамп на национално ниво

Дејан Дејан

Паднати дрвја и поплавени улици и патишта поради невреме во Тетово

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе