Вести Македонија Топ вести

Далечината до вакциналниот пункт – причина луѓето да не се појават на закажан термин

Сите лица кои денес се вакцинираа беа од повозрасната категорија граѓани и најголемиот дел од нив беа дојдени заедно со членови на семејството, а имаше и такви кои што имаа потреба од асистенција со инвалидска количка. Дел од нив требаше да поминат и 10-тици километри за да дојдат до вакциналниот пункт во Тетово.

Засега надлежените ја одредија спортската сала во Медицинското училиште за Регионален ценар за вакцинација за полошкиот регион, но како ќе тече процесот за граѓаните од другите градови сè уште се чекаат насоки од ресорното министерство, бидејќи засега вакцинацијата тече и во Здравствениот дом во Гостивар со дозите коишто ги имаат.

Во првата пратка за Регионалниот вакцинален центар во Тетово пристигнаа 4 200 вакцини од кинеската компанија Синофарм, а се очекуваат континуирано и нови дози. До крајот на оваа работна недела се закажани 5 600 термини преку матичните лекари .

Досегашната практика на медицинскиот персонал во Здравствениот дом во Тетово покажува дека 20-тина проценти од закажаните термини се откажуваат или пациентите воопшто не се појавуваат на вакциналниот пунк, па поради тоа надлежните со апел до граѓаните да ги почитуваат термините.

Данијела Билбилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Синот на норвешката принцеза осомничен за три случаи на силување и 23 други кривични дела

Дејан Дејан

Врховниот Суд на САД ја ограничи моќта на судиите да ги блокираат извршните наредби на Претседателот Трамп на национално ниво

Дејан Дејан

Паднати дрвја и поплавени улици и патишта поради невреме во Тетово

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе