Свет

ЕМА почна со оценување на барањето на Фајзер за одобрување на вакцината кај деца

Европската агенција за лекови (ЕМА) почна со оценување на барањето на германската фармацевтска компанија БионТек и американската лабораторија Фајзер за одобрување на употребата на нивната вакцина против Ковид-19 кај деца на возраст од 12 до 15 години.

ЕМА ќе изврши забрзана проценка на податоците, доставени од Фајзер и БиоНТек, а се очекува одлуката да биде донесена во јуни, во случај да не им бидат потребни дополнителни информации.

Според податоците на производителите, вакцината е 100 отсто ефикасна кај децата.

Спроведено е истражување во кое учествувале 2.000 адолесценти, во кое се покажало дека вакцината е безбедна и ефикасна. Децата ќе продолжат да ги набљудуваат уште две години со цел долгорочна заштита и безбедност.

Вакцината на Фајзер и БионТек моментно е одобрена за употреба кај лица на возраст над 16 години.

Повеќето вакцини против коронавирусот кои ги одобриле властите низ светот се наменети за возрасни кои се во поголема опасност, но здравствените власти веруваат дека вакцинирањето на децата од сите возрасни групи ќе биде пресудно за спречување на пандемијата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гласање за обемниот буџет на Трамп – демократите во обид да го сменат или блокираат законот за даноци со амандмани

Дејан Дејан

Венс: Ерата на американска доминација во светот е завршена

Дејан Дејан

Две жртви на временски непогоди во Италија – црвен метеоаларм во 18 градови

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе