Македонија Топ вести

Постарите битолчани апелираа до младите да се вакцинираат

5000 кинески вакцини попладнево пристигнаа во Битола, а спортската сала во медицинското училиште е  подготвена за утрешниот почеток на масовната имунизација на граѓаните од овој регион.

Вакцини ќе пристигнуваат етапно и во наредните денови во регионалениот вакцинален пункт во Битола, каде покрај битолачни ќе се имунизираат и жителите од Прилеп, Крушево, Македонски Брод  и Демир Хисар.

Во целиот процес се вклучени над 100 луѓе,  25 медицински тимови, потоа администрација и волонтери на Црвениот крст, кои ќе работат во две смени.

-Ги завршуваме последните подготoвки пред почетокот на масовната имунизација што ќе започне во текот на утрешнито ден во Регионалниот пункт во Битола. Досега во овој пункт преку апликацијата вакцинација.мк вкупно се пријавени околу 18 илјади граѓани, а за утре за вакцинација се пријавени 910, вели Весна Спирковска, директор на Здравствен дом- Битола.

Дел од граѓаните кои ги анкетиравме велат дека тие веќе ја примиле првата доза, апелираат помладите да се вклучат во масовната имунизација и очекувата брзо спроведување на овој порцес.

-Јас мислам дека тоа е добра работа, треба секој граѓанин да ја прими вакцината, со тоа ќе се заштитиме ние и нашите најблиски. Ако и овде оди  како во Скопје, во салата „Борис Трајковски“, ќе биде добро. Не знам, некои луѓе се плашат,  не сакаат да се вакцинираат, тоа е лошо, велат битолчани.Регионалниот вакцинален пункт во Битола ќе работи секој ден освен недела од 8 до 20 часот, а се затвора досегашниот вакцинален пункт во ОУ „Даме Груев“ во Битола каде преку матичните лекари со вакцините на АстраЗенека и Фајзер се вакцинираа  2300 битолчани  од повозрасната категорија.

Здравствените власти повикуваат граѓаните да се пријавуваат на страницата вакцинација.мк.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Паднати дрвја и поплавени улици и патишта поради невреме во Тетово

Дејан Дејан

Богоjeски од директор замина за професор во Воена академија каде ќе предава економија на идните офицери

Дејан Дејан

Фирмата на „Пулс“ била во радарот на УЈП – директорката отфрла одговорност во постапување на институцијата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе