Македонија

Жителите на руралните тетовски средини бараат вакцинални пунктови во селата

За жителите на тетовско-гостиварскиот регион процесот на имунизација против ковид 19 ќе се одвива во спортската сала на Медицинското училиште во Тетово.

Од утре салата ќе биде регионален вакцинален пункт, а други за сега не се планирани.

Жителите на тетовското село Лешок се задоволни од организацијата на процесот на вакцинација, иако сметаат дека би требало да има пункт и во руралните средини.

Повозрасните лица за да стигнат до вакциналниот пункт зависат од своите најблиски кои треба да ги однесат до Тетово.

Во салата на Медицинското училиште сѐ е подготвено за утрешниот почеток на масовната имунизација.Таму дневно е планирано да се вакцинираат по 1 000 лица.

Пристигнати се 4 000 вакцини од компанијата Синофарм, а се очекуваат континуирано и нови пратки.

Тетовската градоначалничка, Теута Арифи, апелираше граѓаните да го почитуваат закажаниот термин за вакцинација.

Инаку во просториите на Здравствениот дом во Тетово досега се вакцинирани 1 600 лица. Никој од нив не пријавил несакани ефекти по примањето на вакцината.

Данијела Билбилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Паднати дрвја и поплавени улици и патишта поради невреме во Тетово

Дејан Дејан

Богоjeски од директор замина за професор во Воена академија каде ќе предава економија на идните офицери

Дејан Дејан

Фирмата на „Пулс“ била во радарот на УЈП – директорката отфрла одговорност во постапување на институцијата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе