Вести Македонија Топ вести

По еден ден пауза, се враќа полицискиот час

Бројот на заразени од корона бележи пад но не стивнуваа црниот биланс на починати. Во изминатите 4 дена по долготрајна лекарска борба во државните болници од ковид починале 149 граѓани односно не помалку од триесет жртви во едно деноноќие Скопје е најчесто градот кој е обвиен во црно, но починатите доаѓаат од сите градови до внатрешноста. Причините сетешка клиничка слика од силни симптоми предизвикани од вирусот и присуство на хроноични болести кај пациентите. Процентот на заболени до тестирани сеште е над посакауваните 10 проценти за властите кои денеска со оценка дека болниците и персоналот имаат помалку работа. Од 1842 кревети, 740 се слободни, но загрижува фактот што во моментот се лекуваат со 1102- ца граѓани – поголемиот број со тешка клиничка слика, дижат со помош на машина и тоа на најапогодените три клники и одделенија.

„ Во ГОБ 8 Септември има вкупно 123 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 128 пациенти, додека на Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 14 пациенти. На Клиниката за детски болести има едно дете позитивно на Ковид 19 вирусот и две мајки, а на ГАК има три позитивни пациентки.“

Но освен оние ко исе борат за здравјето на клиниките други 13 илајди се лекуваат во домшани услови со или без симптоми на Ковид -19 . Велигденска празнична еуфорија за здравите граѓани завршува во 21 часот кога секој ќе мора да биде во својот дом откако на сила одново се враќа полициксиот час кој трае секој ден до 5 часот изутрина.  Забраната со огрнаичување на движењето беше паузирана само на ден влеигден, но и со исклучок за празникот Рамазан Бајрам односно од 12 кон 13 мај. Инаку, во текот на изминатото деноноќие на територијата на државава полицијата регистрирала 436 прекршоци на мерката за носење маски, а грашѓаните ќе треба да платат најмалку 10 евра казна.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Врховниот Суд на САД ја ограничи моќта на судиите да ги блокираат извршните наредби на Претседателот Трамп на национално ниво

Дејан Дејан

Паднати дрвја и поплавени улици и патишта поради невреме во Тетово

Дејан Дејан

Богоjeски од директор замина за професор во Воена академија каде ќе предава економија на идните офицери

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе