Македонија Топ вести

Со возила стари речиси половина век пожарникарите во Свети Николе секојдневно гасат пожари

Светиниколските пожарникари секојдневно затрупани со интервенции на отворено, но и на  експресниот пат  Штип и Велес и автопатот Штип-Миладиновци. Со возилата стари речиси половина век гаснат заплаени цистерни, автобуси, камиони, но и извлекуваат и луѓе од автомобили при сообраќајни несреќи. 16 пожарникари се справуваат со огнените стихии на територија на Свети Николе и Лозово или во втората по големина житница во земјава Овче Поле, а граничат со шест општини.

Од дирекцијата за заштита и спасување постојано бараат нови противпожарни возила , но никогаш немаат добиено Општината, комуналното претпријатие и доброволното противпожарно друштво во кризни ситуации им позајмуваат теренски возила. Поради тоа што немаат статус на регионален притивпожарен дом немаат ниту финансии од државата, па за сите трошоци се грижи локалната власт.  Работат и вежбат во зграда, која пред 40 години е градена без стандарди. Но, добра вест е што овој објект од темел ќе се урива, а по Велигден  на негово место ќе се гради нов противпожарен дом.

Иако рокот за изградба е две години, сепак очекуваат за а шест месеци да се изгради противпожарниот дом, кој ќе има и тренинг центар. Донацијата од САД изнесува над 450.000 долари. Подновување со возила  повторно ќе чекаат од донации, овојпат од Словенија и фондацијата Флоријан од Велика Британија.

Вокторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Паднати дрвја и поплавени улици и патишта поради невреме во Тетово

Дејан Дејан

Богоjeски од директор замина за професор во Воена академија каде ќе предава економија на идните офицери

Дејан Дејан

Фирмата на „Пулс“ била во радарот на УЈП – директорката отфрла одговорност во постапување на институцијата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе