Македонија Топ вести

Заев: Да се воздржиме од посета на црквите и манастирите и да ја упатиме благодарната молитва во нашите домови

Денешниот ден, Велики Петок, во пресрет на најголемиот православен христијански празник на победата на животот над смртта, наместо во храмовите да го поминеме дома, во кругот на семејството, порача премиерот Зоран Заев.

– И оваа година да се воздржиме од посета на црквите и манастирите и да ја упатиме благодарната молитва во нашите домови и во кругот на нашите семејства да го дочекаме светлиот ден – Воскресение, кога нашите срца ќе бидат преплавени со вечната светлина и надеж од веста за победата на животот над смртта, и со нова, обновувачка сила да извојуваме победа против искушенијата со вирусот, напиша на својот фејсбук профил Заев.

Ако сепак одлучите да одите во црква, вели Заев во пораката, послушајте ги препораките на свештенството и направете го тоа со најголемо внимание со придржување на мерките за заштита, заради себеси и заради другите.

– Да ја чуваме надежта што ја носи со себе Велигден дека оваа кризна состојба ќе биде надмината и ќе се вратат деновите кога ќе можеме да се собереме во нашите храмови и заедно да се радуваме на Христовото Воскресение, порача Заев.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Еврокомесарката Кос во понеделник по одговори за Планот за раст – денеска изгласани неколку реформски закони

Дејан Дејан

Членките на НАТО се согласија да ги зголемат трошоците за одбрана до 5 отсто

Дејан Дејан

Екоактивистите со блокади против изградбата на две мали хидроцентрали на реката Дошница

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе