Македонија Топ вести

Дел од паркот во Ново Лисиче ќе биде депо за трамвајот

На ова место зад мене, на последна 5-ка во Ново Лисиче, е планирано да се гради едно од 4 депоа за новиот трамвајски сообраќај , кој Град Скопје го планира за следниве 3 до 4 години.Но, жителите на Ново Лисиче кои ги анкетиравме овдека , не се согласуваат со тој план.

Идејата на локалната власт, до 2025 година Скопје да добие трамвајски превоз по примерот на светските метрополи не е прифатлива за сите граѓани. Жителите на Ново Лисиче се противат на изградба на депото за транвајот што ќе сообраќа на релацијата од овде  до Ѓорче Петров и назад.   Губењето на спокојството во новиот парк, промените што ќе ги претрпи постојната сообраќајна мрежа , како и местоположбата на  депото, не се прифатливи за нив.

  • Не би требало овдека, во сред град. Тука се спортските терени. Овој простор квалитетен, може да се искористи за изградба на некоја средна школа, за некој друг јавен објект, вели еден граѓанин.
  • Момче со куче: не сме задоволни , искрено. Посебно како што планираат да фатат една од лентите сообраќајни со трамвај, мислам дека не е адекватно решение, вели помлад граѓанин.
  • Не можеме да бидеме согласни, таман му се израдувавме на паркот , сега да ни се одземе. Тоа не би било коректно, вели друг помлад граѓанин.

Од Град Скопје одговараат дека депоата за секој јавен превоз се градат на крајот на лините и дека локацијата на последна 5 во Ново Лисиче била планирана за таква намена уште од 1989 година.

  • Просторот кај последна 5-ка во Ново Лисиче е во секој претходен ГУП предвиден за сообраќајна инфраструктура, како и во сегашниот. Оваа локација е предвидена за ваква намена во градските студии за трамвај од 2012 и 2008 година. Се работи за истата локација и во проектот за трамвај од референдумот во 1989, а за таа намена оваа земја беше специјално откупена пред 15-ина години и е во сопственост на Град Скопје, велат од Град Скопје.

Жителите на Ново Лисиче се противат на градењето депо зашто стравуваат и од најавите за сечење на зеленилото во околината, кое ги штити од загадувањето, особено во зима.

  • Како се направија сѐ повеќе згради , така остана сѐ помалку зеленило. Уште тоа останува. И тоа што го имаме , да го изгубиме, вели помлад граѓанин.
  • Не би требало да се сечат дрвја за таква работа. Затоа што се уништува природната средина. Ние и така како Скопје имаме сѐ помалку и помалку дрвја, вели постар граѓанин.
  • Ако се изгуби зелениот простор, не би се сложил, нормално, вели трет граѓанин.

Но, од Град Скопје уверуваат дека се работи за проект што ќе го намали аерозагадувањето и дека минимално изгубеното зеленило, ќе биде надоместено.

  • Онаму каде ќе биде одземено зеленило за овој проект, тоа ќе биде минимално и непосредно надоместено. Пресадувањето на дрвјата е веќе воспоставена градска пракса и таа операција се изведува секаде, каде условите го дозволуваат тоа, велат од Град Скопје.

Покрај релацијата Ѓорче Петров- Ново Лисиче, панирано е трамваите што ќе се движат без шини , на погон на водород, да сообраќаат и на релацијата Бутел- Пинтија. Со заем од ЕБОР, држата ќе вложи 70 милиони евра во набавката на 60 возила , со капацитет од 250 патници. Тендерот за набавка ќе биде распишан до крајот на годината.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Богоjeски од директор замина за професор во Воена академија каде ќе предава економија на идните офицери

Дејан Дејан

Фирмата на „Пулс“ била во радарот на УЈП – директорката отфрла одговорност во постапување на институцијата

Дејан Дејан

Независните со апел до Собранието за независните кандидати

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе