Македонија Топ вести

Гевгелија очекува отворање на границaтa со Грција

Гевгелија со нетрпение очекува отворање на границите со соседна Грција. Локалната економија претпре сериозен удар од пандемијата, особено што многу мали бизниси беа врзани со грчки муштерии. Во последната година неколкукратно се зголеми и бројот на невработени, па општината вели дека е клучно да се отворат границите.

Сашо Поцков- градоначалник на о.Гевгелија

Поцков апелира да се почитуваат мерките и препораките за време на празниците, бидејќи конечно почна да опаѓа бројот на заболени со корона-вирус во градот.

Пандемијата со ковид-19 во Гевгелија силно ги  погоди рестораните, трговските дуќани, но и стоматолошките ординации, кои најголем дел од својот промет го правеа од грчки посетители.

Сузана Мицева

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Паднати дрвја и поплавени улици и патишта поради невреме во Тетово

Дејан Дејан

Богоjeски од директор замина за професор во Воена академија каде ќе предава економија на идните офицери

Дејан Дејан

Фирмата на „Пулс“ била во радарот на УЈП – директорката отфрла одговорност во постапување на институцијата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе