Македонија Топ вести

Со бојкот на наставата се бара стопирање на донесувањето на Законот за учебници

Бојкот на наставата има во некои основни училишта во земјава. Родителите на учениците бараат да се стопира донесувањето на Законот за учебници. Од Министерството за образование и наука, пак, велат дека причината за бојкот е неоснована и апелираат учениците кои денес не се дел од часовите, да ја продолжат наставата и успешно да ја завршат учебната година.

Ученици од неколку основни училишта во Скопје, деветтоодделнци од едно училиште во Тетово, но и во некои училишта во земјава ја бојкотираат наставата со образложение дека се против реформите во образованието што сака да ги спроведе ресорното Министерство.  Дел од нив се соочуваат и со притисок  дека ако не се вклучат на часовите ќе добијат неоправдани изостаноци.

Родителите на децата кои бојкотираат настава, своето незадоволство го искажуваат на социјалните мрежи и велат дека се одлучиле на ваков чекор бидејќи сметаат дека воведувањето на дигитални учебници негативно ќе влијае врз децата, кои и така постојано се пред компјутерот.

Според Министерството за образование и наука причината за бојкот е неоправдана и порачуваат учениците кои денес не се дел од часовите, да ја продолжат наставата и успешно да ја завршат учебната година. Од таму упатуваат апел за разумност и повторно приклучување кон останатите деца од нивните класови, затоа што постапката не оди во прилог на нивната едукација. Секој пропуштен час, особено сега кога воспитно – образовниот процес се организира во вонредни околности и во услови на пандемија, значи пропуштено знаење, кое тешко се надоместува, велат од Министерството за образование и наука.

Данијела Билбилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Уапсени стотици соработници на Израел во Иран

Дејан Дејан

Продолжи рочиштето за кумановски градоначалник Максим Димитриевски

Дејан Дејан

Оставено во загреан автомобил на пеколни температури – двегодишно дете пронајдено мртво во Франција

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе