Ракомет Спорт

Тешка победа против Финска, но доволна за заверка на „визата“ за ЕП 2022

Македонската ракометна репрезентација и официјално го завери пласманот на Европското првенство со победа од 27-22 на гостувањето кај Финска во претпоследниот натпревар од квалификациите. Одигравме лошо прво полувреме, а го решивме натпреварот во наша корист во последните 10 минути.

Почнавме со подмладен состав, но по десетина минута откако играта не беше сјајна на теренот се појавија и Kирил Lазаров и Fилип Mиркуловски. Повторно игравме тешко, а Fинците го диктираа темпото и резултатот, но нивната предност ниту еднаш не отиде над три разлика. На полувремето домашните водеа со 14-12. Во вториот дел, се виде малку посериозниот пристап на нашите ракометари, конечно го скршивме отпорот на домаќините во последните 10 минути од натпреварот. Со серијата од 5-0 поведовме со 19-23 и тука ги решивме сите дилеми околу победникот.  До крајот одигравме рутински за конечна победа од 22-27.

Интересно имавме дури шест промашени пенали од 12 обиди, а противничкиот голман Патрик Росландер беше играч на натпреварот со дури 20 одбрани. И во нашиот табор голманите беа солидни, па Томовски и Митревски искомбинираа 15 интервенции.

Кирил Лазаров, Гоце Георгиевски и Филип Кузмановски постигнаа по пет голови, а за истакнување се и двата гола на младиот Игор Ѓоргиев од лиијата за седум метри. Макс Гранлунд со шест погодоци беше најдобар кај Финците.

Во последното коло од квалификациите македонската репрезентација во недела во „Јане Сандански“ ја пречекува Швајцарија.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Во меч без голови Вардар и Струга освоија по бод

Дејан Дејан

Реакција на ФФМ: Згрозени сме, но и решителни – овој срам нема да остане неказнет

Дејан Дејан

Еткинсон тренер на сезоната во НБА

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе