Претседателот на државата Стево Пендаровски, во рамки на дводневната работна посета во Брисел, денеска ќе оствари средба со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.
Пендаровски вчера во рамки на посетата на Брисел, оствари средби со претседателот на Европскиот Парламент, Давид Сасоли, со потпретседателот на Европската Комисија Жозеп Борел, со Комесарот за проширување, Оливер Вархеји, како и со претставникот на ЕУ за Западен Балкан, Мирослав Лајчак и со известител за нашата држава Илхан Кјучук.
На овие средби, Пендаровски порача дека земјава е подготвена веднаш да седне на преговарачка маса со Бугарија за да се надмине билатералниот спор и да се отвори патот кон ЕУ.
– Да разговараме за сите отворени прашања, се разбира, со оние огради или т.н. црвени линии кои сме ги истакнувале и за кои не очекуваме воопшто дека ќе бидат повторно на преговарачка маса, истакна Пендаровски во Брисел.