Вести Македонија Топ вести

Богдановиќ деновиве ќе свика седница за спорните ДУП-ови

За 50 квадрати градба или земјиште, клуч на рака од  стан од 150 квадрати во висококатниците кај Холидеј ин и платено паркинг место. Квадратите варираат со најмалку 1 спрема 2 во зависност дали жителите сакаат деловен простор или стан на приземје. Вакви понуди уште во 2019 година биле во оптег за жителите на Ново мало како соинвеститори – во замена за нивното земјиште или куќи таму. На преддоговорот до кој дојде „Телма“ како инвеститор се јавува фирмата ТЕКО Кнстракшн од Скопје. Впишана е во централниот регистар во март 2019 година –основана со 5.000 евра паричен влог.  И на оваа фирма како  управител фигурира Зоран Антиќ, сегашниот сопственик на МГ Фешн, кој заедно со МПЦ преку фирмата „Обновители“ се на чекор пред добивање градежна дозвола за еден од плацевите на паркингот на кој треба да никнат високкатници од 16-20-22 метри. Во име на жителите сите бироктарски документи требало да ги брка инвеститорот. А клучот на рака требало да им го даде на жителите за 30 месеци од правосилноста на одлуката за градење. Но ова се само предлози никогаш не биле потпишани важеле само една година.

Времето се поклопува токму со периодот откако поранешниот министер за транспорт Горан Сугарески, му ја продаде на Антиќ локацијата од 9.000 метри квадратни за 2,9 милиони или за само 312 евра за квадрат. А МПЦ го отстапи својот плац во замена за станови.

Инвеститорот неодамна го презентираше планот, а дел од жителите на Ново мало се кренаа во негова одбрана. Кажаа дека преговаарат со него да ги обештети иако нивните куќи не се на првиот плац каде првично треба да почне градбата на трите висококатници. Дали вакви понуди се уште се во оптег го прашавме и инвеститорот Мг Фешн. Од компанијата велат дека планираат да ги обештетат жителите, но комерцијалните услови не ги коментираат. Ниту пак евентуалните понуди од други компании. Најавуваат и тужба ако ДУП-от се суспендира.

Нашиот правен тим работи на барање за  надомест на штета која ке произлезе од евентулната суспензија  на ДУПот. Се уште чекаме Општина Центар да ја издаде  дозволата за градба. “- МГ Фешн.

А токму тужбите беа изговор за градоначалникот на Центар Саша Богдановиќ, да калкулира со барањето за суспензија на спорните ДУП-ови. Деновиве ќе свика седница на Советот за сите спорни дупови на подрачјето на општината  меѓу кои се и тие кај фабриката Треска, како и за плацевите на Водно кои се на чекор пред добивање градежни дозволи откако Уставниот суд го укина мораториумот за градба во Центар.

Ќе разговараме за елементи, делови од Дупо-вите кои сметаме дека се спорни. Тука влегуваат сите спорни планови кои паднаа со мораториумот на Уставен. Во моментов за Треска имаме добиено 4 идејни проекти коии се разгледуваат – изјави Богдановиќ за Телма.

Плацевите кај Холидеј ин ќе ги истражува Обвинителството. Антикорупциска утре ќе ги достави документите. Бара поведување постапка за кривично гонење на поранешните градоначалници на Центар, Тодоровиќ и Жерновски и службеници во општина Центар, Град Скопје и Транспорт и врски.

Александра Филиповска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Западниот Балкан останува во геополитичкиот интерес на ЕУ

Дејан Дејан

Арсовска поднесе пријава за 20 дивоградби во Чаир

Дејан Дејан

Жељазков- Кошта: Бугарија нема да поставува нови услови за Скопје

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе