Вести Најважни Свет

Покрај Спутник В, Србија планира производство и на кинеската вакцина

Во јуни ќе бидат достапни првите руски вакцини против ковид Спутник В, произведени од Србија. Институтот за вирусологија, вакцини и серуми Торлак ги исполни строгите руски стандарди. Првото шишенце со посакуваната течност го покажа претседателот Вучиќ, кој објасни кога ќе биде достапна вакцината.

Ќе го завршиме процесот на првите пакувања и вакцини до 15 мај. Потребни се 21 ден на чекање, и потоа влегуваат во употреба. Првите вакцини кои ќе излезат од Торлак ќе бидат достапни околу 5 до 10-ти јуни. Тогаш ќе можеме да им кажеме на луѓето дека првите 15-20.000 дози тргнуваат од Торлак, изјави Александар Вучиќ. 

Србија има намера да ја прозизведува и кинеската вакцина. Вучиќ најавува помош за целиот регион.

 Верувам дека пред крајот на годината сами ќе можеме да ги произведуваме, дали кинеската Синофарм или Спутник, ќе видиме. Но, до март верувам и двете супстанци, едната и другата течност, и на нашите граѓани ќе можеме да им понудиме домашни вакцини, но не само на нашиот народ туку и пошироко во регионот. Отпрво ќе почнеме со 20 милиони, а потоа со 30 милиони вакцини, рече Вучиќ

Во меѓувреме, во Србија вакцините пристигнуваат како на брза лента. Вакцинирани се три милиони луѓе.  Докторите велат – притисокот врз болниците е намален, но ситуацијата и натаму е сериозна и не смее да има опуштање.

Во пресрет на летните одмори, Европа не успеа да вакцинира ни блсику доволен број на луѓе. Во недостаток од вакцини, италијанските турситички агенции нудат  пакет аранжман за сите Италијанци кои сакаат да се вакцинираат против Ковид-19 во Србија. Аранжманот чини 500-тини евра за 4 дена и нуди авионски лет, ковид тест, вакцина и разглед на Белгард. Интересот е огромен, јавуваат италијанските медиуми. Србија е единствената држава во Европа која успеа да го предвиди исходот со вакцината против ковид.

Според претседателот, недостаток ќе има и за вакцини против грип наесен, па затоа инстутот Торлак работи да произведе 500-тини милиони дози вакцини за грип. Институтот Торлак е формиран во 1927-ма година, кога ја прозведе првата вакцина против туберкулоза. Следуваа вакцините против тетанус, дифтерија, алергени, а не е мала ниту палетата на лекови. Сјајот го загуби поради старата апаратура во која никој не сакаше да инвестира.

Се досега кога е снабдена со најнова технологија која ги задоволи прецизните барања на руските научници за производство на вакцината Спутник В.

Алиса Шутиноска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Возачот Васил Јованов призна вина за несреќата во која ја прегази Фросина Кулакова  на пешачки премин

Дејан Дејан

Почнува националната еко акција „Генералка викенд“

Дејан Дејан

Трамп: Изборот на американски папа е „голема чест“ за САД

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе