Вести Македонија Најважни

Намелно темпото за имунизација, не нарачуваме вакцини од Србија

Два термини за вакцинација во 11 часот денеска беа резервирани за брачниот пар од Скопје Ристовски. Тие се во групата од над 73 години, кои од денеска се вакцинира во салата Борис Трајковски повикани преку мој термин.

За разлика од претходните денови кога овде се вакцинираа приоритетните групи според планот за имунизација, денеска е помирно. Ако претходните денови имаше во просек  2 600 термини, сега е очигледно дека бројот е намален, а според министерството тоа е за околу 1 000 дневно. Ќе се вакцинираат со се што е останато, а тоа е Астра зенека, спутник но и кинеските 2 000 дози кои стигнаа завчера.

А како се ситнат вакцините така интересот за нив расте. За само два дена порасна за околу 3 000 луѓе кои се пријавиле на сајтот вакцинација и до денеска се пријавени повеќе од 157 000 а вакцинирани петина од нив. Луѓето со најразлични хронични болни но и професии се почесто регираат дека очекувале да се најдат на приоритетната листа, а не да чекаат кога ќе им дојде редот преку мој термин.

Во меѓувреме земјава чека на две пратки вакцини. На 19 и 26 април ќе пристигнат вкупно 20 илјади вакцини од Фајзер, а од утрово и кинеската амбасада потврдила дека сите 200 000 дози кина ќе ги испорача на 28 април. И покрај тоа што соседна Србија почна да ја произведува руската Спутник в, според министерот Филипче земјава нема потреба да нарачува од таму оти има доволно вакцини.

До сега се вакцинирани само луѓе од професии за кои државата сметаше дека се ризични, а во нив влегоа здрватсвени работници, полицајци, војници, новинари, судии и обвинители и пратеници. Преку мој термин пак до сега се вакцинирани само луѓето над 77 години.

Билјана Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сплит очекува тесна трка во вториот круг – СДП на пат да ја изгуби Ријека

Дејан Дејан

Првични резултати од анкетите во Романија: Дан води пред Симион

Дејан Дејан

(ВИДЕО) Крвава матурска ноќ во Сараево: Навивачи со палки и факели нападнаа матуранти

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе