Вести Македонија

Амандманите повлечени седниците незакажани

Партиите ги повлекуваат амандманите, но седниците за донесување на законот за државјанство како и законите од петтиот пакет мерки, се уште не се закажани. Првиот чекор го направи ВМРО ДПМНЕ. Нема да го блокираат законот за државјанство, но очекуваат нов текст, за кој претходно ќе бидат консултирани.

Од ВМРО ДПМНЕ велат дека Комисијата за финансирање и буџет, што тие ја раководат, се уште чека процедурално известување, за да ги стави на дневен ред новите мерки за поддршка на економијата и граѓаните.

И Алијанса-Алтернатива го почитува договорот. Прифаќа повлекување на сите амандмани.

„Добро е што притисокот од јавноста вроди со плод и што амандманите ќе бидат повлечени“, коментира СДСМ.

Повлекувањето на амандманите на Законот за државјанство потврдува дека постоел договор меѓу Алијанса-Алтернатива и ВМРО ДПМНЕ затоа што крајно симптоматично е што вторава партија одеднаш нема забелешки на истиот текст.

Собраниската разврска почна вчера со тричасовна средба на премиерот Заев со лидерите Села и Гаши. Постигнат е договор наместо тројца сведоци, да се приложуваат документи, сметки или свидетелства. Конечниот текст ќе биде подготвен до петок со експертска помош, а од понеделник ќе се разгледува во Собрание. Оваа недела се очекува донесување на „ослободените“ економски и други итни закони и нивно донесување без амандмански блокади.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мапи со горливи точки објави ЦУК – централниот дел на земјава под висок ризик од пожари

Дејан Дејан

Припадник на АРМ убиен во престрелка во Батинци

Дејан Дејан

Уапсен битолчанец кој со нож нападна сограѓанин на пазарот во Битола

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе