Ќе се ограничува цената на чинење на лечењето на луѓето во приватните болници во услови на кризна или вонредна состојба, е одлука која ја донел денеска Кризниот штаб за справување со кризата од пандемијата, а која утре во форма на законска измена на Законот за здравствена заштита ќе и биде достави на владата.
Освен оваа новина, министерот за здравство Венко Филипче, денеска информираше дека по денешнотот вакцинирање на новинарите и медиумските работници, вакцинирањето на луѓето од критичната инфраструктура завршува со вработените во Собранието и пратениците, по што од среда со преостанатите вакцини на Спутник В ќе продолжува вакцинацијата по старосните групи.
За највозрасната група на граѓани ќе бидат наменети и 2.000 кинески вакцини кои како донациија од Обединетите Арапски Емирати треба денеска да пристигнат во земјава.