Скопскиот кривичен суд соопшти дека е продолжен притворот на Орце Камчев осомничен во случајот Плацеви на Водно. Претходно неговиот адвокат објави дека поднеле барање службената белешка на АНБ (поради која е баран првичниот притвор) да се прогласи за незаконит доказ во постапката, а исто така веќе има поднесено барање притворот да му се замени со поблаги мерки на обезбедување на што судот досега не однел одлука.
Скопскиот суд соопшти:
Заради интерес на медиумите кои ја следат работата на судот, ја информираме јавноста дека Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлогот на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за продолжување на мерката притвор за Ј.К., донесе решени со кое сеуште постојат околностите од член 165 ст.1 т.1 од ЗКП и го прифати предлогот на обвинителството со што ја породолжи мерката притвор за 30 дена.