Вести Македонија

МГ Фешн: На парцелата спроти Холидеј Ин се проектира модерен и енергетско ефикасен проект

Преку соопштение се јави и инвеститорот МГ Фешн. Тврдат – на парцелата спроти Холидеј Ин се проектира модерен, целосно еколошки и енергетско ефикасен проект, изработен според највисоки еко стандарди и согласно сите законски прописи во земјата, а визуелизациите кои се споделуваат на интернет се неточни.

„Со оглед на фактот што во медиумите во континуитет се споделуваат макети – разни визуелизации на проектот кој е предвиден да се гради на парцелата спроти Холидеј Ин, а дополнително на социјалните мрежи почна да циркулира он-лајн „Петиција против изградба на висококатници на парцелата спроти Холидеј Ин“ сакаме да ја информираме јавноста дека работиме на подготовка на презентација на проектот кој во текот на следната недела ќе го претставиме на организиран настан со медиумите“, пишува во реакцијата на инвеститорот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Девојчето од Ново Село е сместено во згрижувачко семејство, струмичкото обвинителство отвори истрага против таткото

Дејан Дејан

Огнот под контрола – над 60 пожари изгаснати

Дејан Дејан

Во напад во Газа убиени осум деца и две жени кои во ред чекале за храна – Израел се правда дека таргетирале припадник на Хамас

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе