Вести Македонија Топ вести

Лицата со попреченост заборавени за вакцинација

Лицата со попреченост да се стават во приоритетните групи за вакцинација против ковид-19, апелираат до канцеларијата на Народниот правобранител. Оттаму велат дека направиле анализа на Националниот план за вакцинација и никаде не ги сретнале лицата со попреченост како и оние што се грижат за нив, без разлика дали се членови на нивните семејства или асистенти. Со ова барање се обратиле и до Премиерот и до Министерот за здравство.

Во меѓувреме во внатрешноста вакцинацијата на возрасните граѓани се одвива без проблеми. Досега во Струмица се вакцинирани 330 лица. Струмичани велат дека едвај чекаат да има вакцини за сите, сметаат дека само така ќе се заштитат.

Во Струмица пристигнаа 600 вакцини Астразенека за вакцинирање на возрасни над 77 години.

Сузана Мицева

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Минатогодишниот победник на Евровизија, Немо, ја отвори финалната вечер во венчаница и шубара

Дејан Дејан

Тишината погласна и од зборовите – кочанчани повторно испратија повик за неселективна правда

Дејан Дејан

Судир меѓу два хеликоптери во Финска

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе