Вести Македонија Најважни

Рашковски на работа во Влада, додека истражители ја претресуваа фирмата од која го купил спорниот софтвер

Во овие кеси се документите и предметите кои ги одзедоа тимот истражители  а кои Обвинителството за гонење на организиран криминал ќе ги чешла за да утврди дали поранешниот ген сек на Владата, Драги Рашковски, го прекршил законот и ја злоупотребил службената положба при набавката на софтвер вреден 81 илјада евра кој сеуште не е во употреба.

Утрово тимови на истражители влегоа во канцелариите на фирмата „Инвока Груп“ од која е купен софтверот за детектирање на сообраќајни прекршоци кои се наоѓаат во станбена зграда како и во домот на сопственикот на фирмата. Претрес во домот на Рашковски немаше.  Тој не одговори на телефонските повици и пораки

Од Обвинителството, кое по допрен глас почна да го испитува случајот, информираат дека станува збор за предистрага и во оваа фаза не можат да соопштат никакви детали.

Според информациите на Телма, Рашковски сеуште не е повикан на распит во Обвинителството за овој случај.

А тој  во јули минатата година, како тогашен  генерален секретар на Владата ја одобрува набавка на софтвер за сообраќајни прекршоци во износ од 81 илјада евра за кој МВР ниту било информирано ниту пак побарале да се набави. Станува збор за  „Систем и уреди за контрола на брзината во сообраќајот и за изрекување казни“, на кој, како пронаоѓач, во 2018-та е потпишан токму Рашковски. Иако тој демантираше дека патентирал ваков софтвер, со објаснување дека имал само идеја спротивното го потврди Националната асоцијација на пронаоѓачи која побара поддршка за него а не да „се плука“ како што стоеше во нивната официјално соопштение.

Останува отворено и прашањето зошто софтверот е купен без да се тестира бидејќи документите покажуваат дека првото тестирање кое било успешно е направено два месеци по набавката, во септември минатата година.

Рашковски, по одморот во Мексико, од 31 март е повторно на работа во Кабинетот на премиерот. И покрај претстресите и предистрагата за Владата нема ништо спорно и тој не е суспендиран.

„Секретарот Драги Рашковски доаѓа на работното место и редовно ги извршува своите работни обврски. Оставаме на институциите да ги утврдат фактите. “

Вицепремиерот за борба против корупција, Љупчо Николовски, кажа  дека барањето за разрешување на Рашковски не е во негова надлежност бидејќи не е опфатен со етичкиот конедс додека премиерот Зоран Заев ијзави дека нема конфликт на интереси во случајот.

Во меѓувреме и Антикорупциска отвори предмет за набавката бидејќи за нив е спорно што се купува софтвер за институција која е децидна дека не и е потребен.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тишината погласна и од зборовите – кочанчани повторно испратија повик за неселективна правда

Дејан Дејан

Русија постави нови услови за мир

Дејан Дејан

Азир Алиу останува во ВЛЕН, Арбен Фетаи на средба со Курти без Таравари

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе