Нема договор за заедничко упатство за употреба на вакцината на Астра зенека во Европската унија, секој земја членка сама одлучува.. Белгија ја стави границата на 55 годишна возраст, Итралија ја препорачува вакцината за постари од 60 години.. Грција се уште не донела одлука. А британските здравствени власти ги охрабрија граѓаните и понатаму да се вакцинираат со АстраЗенека.
Министрите за здравство на членките на ЕУ не успеаја да се договорат за заедничките упатства за употреба на вакцината Астра Зенека против ковид-19, и покрај повиците за координација меѓу земјите-членки во борбата за отстранување на јавната недоверба кон вакцината. Додека се очекува разговорите на оваа тема да продолжат, земјите веќе започнаа да ги објавуваат своите правилници. Грција се уште не донела долука.
Белгија од денеска ќе ја ограничува вакцинацијата за лицата под 55-годишна возраст на сите марки освен „астразенека“, откако Авропската агенција за лекови, потврди дека згрутчувањето на крвта може да биде ретка, но опасна нус појава од оваа вакцина. Врховниот здравствен совет на Италија излезе со препорака дека вакцината на Асртазенека може да се употребува за лицата постари од 60 години.
Фактот дека станува збор за податоци од разнични временски периоди укажуваат на поголем ризик од она што го очекувавме кај помладата популација, а не кај постарата од 60 години, доведе до одлука за мерки на претпазливост за примена на вакцина на оние кои имаат најголема полза, посебно во оваа фаза, а тоа се постарите лица – Никола Магрини, директор на Италијанската агеција за лекови.
Додека австралиските власти ги прецизираат препораките, тамошните медиуми обелоденија дека стотици илјади дози на Астра зенека пристигнале во Австралија, во време на извозните ограничувања, но тоа било премолчено за да се избегнат какви било контроверзии во Велика Британија. Препораката за граѓаните на возраст под 50 години, кои се уште не ја примиле вакцината Астра Зенека, е да ја преферираат вакцината Фајзер, а оние кои немале никакви последици по примањето на првата доза може да ја примат и втората доза.
Третата препорака е за луѓето, кои по првата доза на АстраЗенека немаат сериозни штетни последици, да им се даде и втора доза. Тоа ги вклучува и возрасните луѓе помлади од 50 години. А луѓето кои имаа згрутчување на крвта поврзано со ниското ниво на тромбоцити по примањето на првата доза на АстраЗенека не смеат да добијат втора доза – Пол Кели, австралиски главен доктор.
Британскиот министер за здравство Мет Хенкок денеска ги охрабри граѓаните и понатаму да се вакцинираат со АстраЗенека бидејќи ризикот од појава на тромбоза е многу низок.
Универзитетот Оксфорд оцени дека идентификувањето на ретки случаи на згрутчување на крвта, кои можат да бидат поврзани со вакцината астра зенека, покажа дека функционираат безбедносните системи. Но придобивките од вакцината ги надминуваат можните ризици.
Билјана Ставрова