Некординираноста меѓу државните институции и нивната неажурност создаде дополнителни трошоци на трговците со нафта, откако пратениците ги изгласаа измените на Законот за акцизи, реагираат дел од нафтените компании во земјава.
Со оглед дека законските измени беа изгласани во петокот, кога практично во Собранието набрзина поминаа околу седумдесетина закони, стапувањето во сила на изменетиот Закон за акцизи, за кои стои дека е објавен на 6-ти април, а реално беше објавен во текот на вчерашниот ден ги дочека неподготвени институциите и сериозно ги зголеми и трошоците на нафтените компании.
Со законските измени, цените на нафтените деривати се зголемија од синоќа на полноќ а со одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, практично реторактивно се сменија цените што беа донесени во понеделникот. Односно, ова значи дека за овие два дена, практично се јавува вакуум период, нафтените компании самостојно ретроактивно ќе треба да платат дополнителни трошоци за се она што било во истргувано во овој период. Имајќи го предвид период во кој се наоѓа стопанството државата наместо да ги помага на компаниите создава доплнителни трошоци, со својата неажурност во постапките.