Економија Топ вести

Бесими: Јавниот долг во рамки на проекциите

Јавниот долг е во рамки на проекциите. Тоа што беше предвидено во Буџетот до крајот на 2021 година да биде  63,4 отсто, државниот долг 53, 2 отсто, а заклучно со крај на февруари државниот долг е 48,3 отсто, а јавниот долг е 56,7 отсто, изјави министерот за финансии Фатмир Бесими на денешната прес-конференција во Владата.

Тој додаде дека во текот на годината со оглед на ликвидноста за тоа што се задолживме со еврообврзницата ќе се одрази во вториот квартал со повисока стапка, но тоа е времено само заради отплата на старото задолжување, отплата на 500 милиони евра обврзница од 2014 година.

Тоа, уште од сега најавувам дека ќе има еден сметководствен ефект во вториот квартал, но сепак во рамките на годината ќе остане на нивото на тоа што е предвидено во Буџетот за 2021 година.

Повтори дека имаме среднорочен план за фискална консолидација и во однос на јавниот долг,  државниот долг поконкретно и во однос на дефицитот на Буџетот.

-Во рамките како што го планиравме јавниот долг, односно државниот долг – задолжувањето на нето основа од 560 милиони оваа година е 280 нето на надворешен пазар и остатокот на домашен пазар. Со тоа ние помагаме да носиме дополнителни финансиски средства од странските пазари, странски капитал – девизи во нашата економија што значи дополнително е финансиска инјекција за нашата економија. И од тој аспект ние сметаме дека целосно ќе се оствари тоа што е предвидено, барем во овој период – првиот квартал тоа ни го покажува, појасни минисерот за финансии.

Дополните во тој контекст на финансиите дека исклучително беше важна и координацијата на фискалната и монетарната политика. – Како на светско ниво и кај нас имаше голема фискална експанзија, а во исто време адекватна монетарна политика, што помагаше да се релаксираат финансиите во нашата  економија, а притоа во ниту еден момент да не се загрози финансиската стабилност во економијата, рече Бесими.

Според него во оваа фаза тоа што е важно, а е и една од главните теми на пролетните состаноци со Светска банка и ММФ е макроекономската стабилност, стабилноста во финансиите и потенцијалите за развој и заздравување на економијата во овој период на пандемија, а и долгорочни стратегии за раст на економијата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Интервју со Гуалано де Годој: Македонија е првата земја во Западниот Балкан која ги разреши сите преостанати случаи на лица без државјанство

Дејан Дејан

Домашен притвор за возачот кој усмрти пешак и избега- 9 пешаци загинале во Македонија од почетокот на годината, од Нова Година ќе се „пали“ Сејф сити

Дејан Дејан

Трамп најави предупредувачки писма со царински мерки до 12 земји

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе