Вести Македонија Топ вести

Политиката за случајот Двојник или Мафија

Случајот со издавање македонски пасоши на лица со криминално досие од други балкански држави, стана тема за нови политички препукувања меѓу двете најголеми политички партии. ВМРО ДПМНЕ бара одговорност и посочува  уште две лица кои патувале со наши патни исправи: водачот на наркокартел од Албанија – Флориан Мусај и платениот убиец Стефан Џукиќ. Од СДСМ тврдат дека опозициската партија се обидува да ја саботира полициската акција, за што треба да сноси одговорност.

Случајот Мафија или Двојник, како што е именувана полициската акција, стана тема за  меѓусебни обвинувања и барање одговорност во СДСМ или во ВМРО ДПМНЕ.

Опозициската партија се сомнева дека власта сака да обвини „ситни риби“ како што се обични полициски службеници, за да се спасат „крупните“. Посочија уште две лица од регионот кои добиле македонски пасоши со лажен идентитет. Едниот е Флориан Мусај, алијас Наум Фило, кој со наш пасош добиен во 2019-та, патува низ Јужна Америка, иако претходната година во неговиот нарко картел се откриени 91 килограм кокаин во вредност од 20 милиони евра. Вториот е Стефан Џукиќ, кој добил пасош на име Каче Ѓерги. Осомничен е за обид за убиство на еден од водачите на Кавачкиот клан во Украина.

Христијан Мицкоски и Александар Николоски бранат криминалци во обид да саботираат полициска акција, реагираше СДСМ. Бараат одговорност за саботажа и за помагање кривично дело.

Пред два дена, ВМРО ДПМНЕ го отвори случајот, објавувајќи лажни пасоши на две лица со криминално досие: Јован Вукотиќ од Црна Гора, односно Георги Андонов од Македонија, и Седат Пекер од Турција, алиас Џевадин Ајдемовски од Македонија. Наредниот ден, полицијата уапси 9-мина вработени од пасошките и управните служби поради издавање на 215 лажни пасоши. Министерот Оливер Спасовски ја обвини опозицијата дека се обидела да саботира истрага долга 26 месеци, водена во соработка со Интерпол и американските безбедносни служби.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тишината погласна и од зборовите – кочанчани повторно испратија повик за неселективна правда

Дејан Дејан

Русија постави нови услови за мир

Дејан Дејан

Азир Алиу останува во ВЛЕН, Арбен Фетаи на средба со Курти без Таравари

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе