Македонија Топ вести

Во болницата во Ниш почина познатиот пулмолог Анѓелко Ѓорчев

На клиниката во Ниш денеска почина познатиот специјалист по пулмологија и алергологија, професорот Анѓелко Ѓорчев, на 72 годишна возраст, потврди неговото семејство.

Докторот Ѓорчев падна во кома набргу откако ја примил вакцината против коронавирусот во Ниш на 28-ми март. Тој оттогаш не се разбуди и беше во критична состојба.

Од клиниката во Ниш соопштија дека компликацијата на неговат здравствена состојба не е последица на примената вакцина ниту пак на хроничните кардиоваскуларни проблеми, заради кои претходно му биле направени 4 бајпаси.

Ѓорчев имаше исклучителни професионални ангажмани во областа на пулмологијата. Како врвен специјалист, долги години работеше на клиниката за пулмологија а последните години во Неуромедика.

Тој беше и член на повеќе реномирани здруженија од САД и Европа со фокус на респираторните здравствени проблеми.

Неговиот син, Влатко Ѓорчев, беше пратеник во македонското Собрание од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Експерти: Најавените милијарди може да ја придвижат економијата на државата ако паметно се искористат

Дејан Дејан

Шести марш на ангелите во Кочани за помош на смесјтвата на жртвите и повредените во пожарот во Пулс

Дејан Дејан

Струмичките екологисти децидни бараат одземање на концесиите и затворање на идејата за рудник кај Иловица и Штука

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе