Драмата со спасувачката мисија на овчарот од селото Емирица, Кратовоско завршила во Штипската болница. Донесен премрзенат и со мозочен удар 6- ти се бори за живот приклучен на апарати. Задравствената состојба на 63 годишниот овчар кој се струпулил во дворот и лежел 12 часа без свест е во критична состојба а животот во планинската преририја му го спасија лекарот од здравствен дом Кратово и техничарот кои пет часа со помош на роднини го спуштале по непристапен терен. Сведошттвата докторот Павле Зафиров ги овековечил со мобилниот телефон, а гневот и критиката од непостапувањето на надлежните ја сподели на социјалните мрежи.
„Решивме да се обратиме за помош кај сите институции во нашата општина. И замислете, секаде каде што се јавивме или пративме некого да праша ни беше речено дека не можат да ни помогнат. Противпожарната единица не можела, Центарот за управување со кризи не бил надлежен, колегите од ЗД Кратово се јавувале и во полициската станица но искрено не знам што им било речено, а од Општина Кратово и на личниот број на градоначалникот не не удостоија ни да ни кренат слушалка.“
Градоначалникот на Кратово Љупчо Бојаџиев вели дека кренал телефон. На барањето да обезбеди трактор договорил возило Џип од здравствениот дом. Ситуацијата не била за хеликоптер.
Доктор Зафиров прст впери и во службите за спасување. Регионалната дирекцијата за спасување воопшто не била известена ниту им било побарано помош вели, пак директорот Беким Максути.
Можел ли кратовскиот овчар да биде спасен со хеликоптер наместо со носила и на раце потврдно одговори и врховниот командант. Но, тоа никој не го побарал од армијата.
Каде затаил системот за спасување одговор треба да даде центарот за управување со кризи од каде што било побарано помош според тврдењата на лекарот Зафиров. Зафиров ги обвини сите надлежни институции дека немаат слух за ваквите случаи. Меѓусебените обвинувања на општината и спасувачките служби ги осуди и министерот за надворешни работи Никола димитров кој побара одговорност за случајот. МАкедонија освен скандал и пропадант обид за набавка и рента на медикоптер повремено ги користи леталата на армијата и полицијата. Службите за спасување имаат авиони, но не и хеликоптери.
Павле Беловски