Вести Македонија Најважни

Имунизацијата на возрасното население продолжува, вчера вакцинирани 730 граѓани

Вакцинацијата на возрасниото население продолжува. И денеска на трите пункта во Скопје има голем интерес на граѓаните кои ги добија своите термини за вакцинација. Трпеливо го чекаат својот ред а потоа и петанесетината минути во чекалната пред да си заминат дома.

Ова е 92 годишниот Душко Талевски, кој денеска се вакцинираше во поликлиниката „Јане Сандански“. Вели дека не се двоумел дали да се вакцинира.

Во поликлиниката „Чаир“  неколкумина го чекаа својот ред за вакцинација. Меѓу нив е и Никола Николовски. Вели дошол да се вакцинира бидејќи е исправен чекор и единствена начин да се заштитит себе си и блиските

Дел од граѓаните кои се затекнаа во полиниклините а кои не ги исполнуваат условите за вакцинација будно ги следеа своите сограѓани. Ги прашуваа за процесот на вакцинирање и разговараа околу вакцинацијата.

Гледано по градови вчера во Битола се вакцинирани 70 граѓани, во Прилеп 79, во Велес 55, во Куманово 53, во Охрид 54 , Струмица 40, каварадци 48 и во Штип 30 лица.
Според официјалните податоци на здравство, за вчера биле закажабни 924 термини а биле реализирани 730, односно двестотитни пензиониреи не се појавиле на закажаното вакцинирање.

Огнен Чанчаревиќ

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Меџити: „Вреди“ нема да остане со девет пратеници, четворица од Европски фронт ќе се приклучат кон мнозинството

Дејан Дејан

(Видео) Силјановска Давкова: Не го разбирам потегот на Таравари да излезе од влада

Дејан Дејан

(Видео) Сиљановска Давкова: Во понеделник наутро ќе го поднесам мојот предлог за гувернер на Народната банка

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе