Ковид19 Свет

Германија од утре ја ограничува употребата на вакцината на „АстраЗенека“ само на лица над 60 години

Вакцината против Ковид-19 на компанијата „АстраЗенека“ од утре ќе треба да се дава само на лица над 60 години, одлучија денеска германските сојузни и државни министри за здравство, јави ДПА.

Луѓето под 60 години треба да можат да ја примат вакцината, но само „по одлука на лекарите и по индивидуална анализа на ризик и детално објаснување“, се наведува во одлуката на министрите за здравство, пренесена од ДПА.

Германскиот министер за здравство Јенс Шпан и министрите за здравство на 16-те покраини одлуката ја донесоа на попладневниот итен состанок, откако здравствените власти во Берлин и Минхен одлучија да ја прекинат употребата на вакцината „АстраЗенека“ за лицата помлади од 60 години

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Разговори за можно примирје во Појасот Газа во Белата куќа- Нетанјаху на вечера кај Трамп

Дејан Дејан

Продолжуваат спасувачките напори во Тексас – над 100 загинати

Дејан Дејан

По телефонскиот разговор со Путин, Трамп го промени курсот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе