И покрај тоа што во неколку изданија на КОД беше откриено дека кичевскиот полициско-обвинителен систем и тамошниот суд уште во 2005-та вршеле притисок врз двајца обвинети за едно убиство, да признаат и друго, кое не го сториле, правниот ситем ниту ја признава грешката ниту ги бара одговорните. А осудениот Анте Ристоски 17 години ја издржува доживотната затворска казна иако има и ДНК анализа, доказ кој е во негова полза и го открива вистинскиот убиец.
КОД ви открива и колкава е најголемата затворска казна во Македонија, казна која е подолга од доживотната. Во КОД и интервју со Даница Џонова, владиниот агент за застапување на државата пред судот во Стразбур. Џонова открива дека во 2021-ва се очекува наплив на изгубени тужби во Стразбур поради сметките за парно на исклучените.