Во Собранието на Република Северна Македонија денеска ќе се одржи 18. состанок на Мешовитиот парламентарен комитет – Северна Македонија и ЕУ.
Како што објави собраниската прес-служба, на отворањето на виртуелниот состанок ќе се обратат Андреас Шидер и Биљал Касами, во својство на копретседавачи на Мешовитиот парламентарен комитет – Република Северна Македонија и Европската Унија.
3а состојба на односите меѓу ЕУ и Северна Македонија со фокус на извонредната имплементација на правото на ЕУ, од име на Владата на С Македонија ќе говорат Никола Димитров, заменик-претседател на Владата задолжен за европски прашања и Бујар Османи министер за надворешни работи, во име на Владата на Северна Македонија. Од име на ЕУ ќе се обратат Ѓеновева Руиз Калавера, директорка за Западен Балкан, Генерален директорат за соседство и преговори за проширување, во име на Европската комисија и Ангелина Ајхорст, директорка за Западна Европа, Западен Балкан, Турција и Обединето Кралство, во име на Службата за надворешни работи.