Вести Македонија Најважни

Втората доза од вакцината „Спутник В“ ќе пристигне наредната недела

Намален е интензитетот со кој се вакцинираат здравствените работници  во поликлиниката Јане Сандански. Од утрово таму се вакцинираат вработени во Градската болница со последните вакцини од првата доза на руската Спутник В.

Втората доза од оваа вакцина со која истите 3 000 медицинари ќе треба да се ревакцинираат ќе пристигне наредната недела, потврди премиерот Заев. Според информациите на Телма термини се закажани од 4 – 9 април. Инаку според раководство на Јане Сандански листите кои ги добиваат во последниве денови за ревакцинација се покуси од претходно и тврдат дека вакцинација ќе се одвива најмногу до петок.

До вчера од 3000 дози 2700 беа потрошени а во просек се вакцинираат 200 – 300 луѓе. До вчера пак од вакцините Фајзер примиле 2500 медицински лица, а уште 1.500 лекари и сестри деновиве ќе ја примат втората доза.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

УНИЦЕФ: Без здравствена заштита се 20.000 деца во Македонија

Дејан Дејан

Министерството за здравство, сепак, останува во „Вреди“?!

Дејан Дејан

Ученик нападна настаничка во ООУ „Јан Амос Коменски“ – соучениците трет ден бојкотираат настава

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе