Вести Македонија

Владата бара општина Охрид да запре со градење на хотелски комплекс

Владата ја задолжи Oпштина Охрид да ги стопира  градежните работи на локацијата на  ресторан дискотеката „Парк“, репрезентативен и наградуван објект на архитектот Павел Балабан, кој беше урнат за време на викендот.  Тука треба да никне хотелски комплекс,  но, Владата бара Општината да ги запре активностите, се додека а стручна комисија на Министерството за транспорт не изврши увид и  ја утврди фактичката сосотјба, потоа комисијата  најдоцна  за една недела, до следната седница да  достави информација до Влада. Општина Охрид пак, во рок од два дена да достави информација за важноста на одобрението за градба на оваа локација кое инвеститорот го добил во 2018 година.

Невладината Охрид СОС  минатата недела побара инспекциски надзорд со тврдење дека инвеститорот нелегално го урива објектот затоа што по добиеното одобрение за градба во 2018 година, за првпат изведува градежни работи во 2021, односно една година по истекот на важноста на дозволата, тврдат од Охирд СОС и најавија кривична пријава и за општината и за инвестирторот. Тие поднесоа иницијатива  Парк да се прогласи за споменик на куктурата,  но не успејаа да го спасат овој репрезентативен објект.

Сега Владата ги задолжи надлежните министерства и инспекторати со взаемна координиранст да ги решаваат проблемите за заштита на ова наследство, а општините Охрид, Струга и Дебарца при иградба на објектите со кои се нарушува интегритетот на културнто населдсво во Охридскиот регион да се постапува според насоките од Планото за управување со светското природно и културно наследсво.

Владата го задолжи Министесртвото за култура да формира стручна комисја која ќе помогне во изработка на акти изготвени од  Управта за заштита  културно наследство.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Цената на струјата и парното ќе ја утврдуваат експерти од енергетски компании – измени во Законот за енергетика

Дејан Дејан

Судијка од Велес ќе дели правда во Кочани

Дејан Дејан

ЕК виновна за нетранспарентност, пресуди Судот на правдата на ЕУ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе