Вести Македонија Најважни

Се ситнат последните дози на вакцини за здравствените работници, нова доза Спутник на 30-ти март

Се ситнат и последните количини на вакцините за здравствените работници. Во поликлиниката „Јане Сандански“ каде се вакцинираат со „Спутник В“ е намален интензитетот на вакцинации и најдоцна до петок ќе се потроши и последната вакцина. Оваа недела дневниот просек е понизок од претходно кога стартуваше со по над 300 боцкања во ден, велат од раководството на поликлиниката. Од утрово таму доаѓале вработени во неколку ковид центри од земјава, кои брзале за на работа па до 13 часот беше завршена предвидената листа.

3. 000 медицинари беше предвидено да се вакцинираат со руската вакцина, и истите ја чекаат ревакцинацијата за која се уште не се пристигнати 3 000 дози од Русија. Според премиерот вторите количини ќе треба да стигант до крајот на следната недела. Оние кои ја примиле првата доза пак стравуваат дека нема на време да пристигнат, бидејќи термини имаат закажано веќе за од 5 до 9 април. До вчера пак две дози од вакцините Фајзер примиле 2500 медицински лица, а уште 1.500 лекари и сестри деновиве ќе ја примат втората доза. За масовна имунизација се уште ништо не се знае. Ниту термин кога би стигнала поголема количина, ниту на кој начин а не се знае ни од кој производител. Ваков беше одговорот на премиерот Зоран Заев кој надеж гледа во доаѓањето на висок функционер од Кина, во посета на земјава.

Вчера извисени останаа фармацевтите, стоматолозите и дел од медицинарите од внатрешноста на кои им беше ветено дека ќе се вакцинираат, но поради пренамена на дел од болниците во ковид центри вакцините отидоа за тамошните вработени. Нема вакцини ниту за старите другите групи на луѓе кои беа на приоритетна листа.

Вчера медиумски работници се вакцинираа во Врање, со помош новинарско здружение од Србија и македонското МАН кои обезбедија 105 вакцини од астра зенека. Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1427 што е рекорден број до сега.

Според министерството има околу 270 празни болнички кревети во ковид центрите но нема информација во кои и каде, со оглед на тоа што во многу однив веќе се исполнети капацитетите до последно. Во ГОБ „8 -ми септември“ се отвора уште едно крило од 20 кревети, а на клиниката за кардиологија нови 50.

Билјана Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Одобрен 17. пакет санкции против Русија- санкциите ќе опфатат и компании од Виетнам, Србија и Турција

Дејан Дејан

„Фајзергејт“: ЕК ги прекршила правилата за транспарентност во врска со СМС пораките на Фон дер Лајен за Ковид вакцините

Дејан Дејан

Избрани првите финалисти на 69. издание на Евровизија 2025

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе