Македонија

Лилјана Тодоровска: „Асистентката на Бојан ги стави парите во жолта платнена торба и си замина од банката со 719.000 евра”

Од трезорот на комерцијалана банка во рацете на асистенката на Боки 13, Христина Блажевска. 719.000 евра во пачки со банканоти од 1000 евра завршиле во жолта платнена торба.

Сумата ја префрлила фирмата на бизнисменот Силјан Мицевски, „Пелистер“ – Битола за изгрба да домовите за стари лица. Се потпишала на тој договор но не и било даден да го прочита.

Парите не ги допрела, иако легнале на нејзината приватна сметка ќе посведочи во судот пензионерката и автор на проектот за старечки домови Лилјана Тодoровска во процесот „Меѓународен сојуз“.

Тодоровска не се сомневела во криминал, бидејќи две недели претходно во финансиската полиција и обвинителството бил проверен проектот и потелото на парите кои и се префрлаат.

Според одбрната на Боки 13 денешното сведочење на Тодоровска е некомплетно и сомнително.

Пред Тодоровска од пултот одговори даваше сведокот и поранешен проект менаџер Јованка Кухар, која што продала три станови за да инвестира во бизнис проект со Боки 13 кој не се реализирал, а за возврат тој побарал да работи за „Меѓународен сојуз“ за да може да си ги поврати парите. Потпишувала се што ќе и предочел Јовановски. Рече дека се чувствувала изманипулирана и злоупотребена, а и таа не не знеела што договарал Јовановски.

„Кога разговаравме со Силјан Мицевски, побарав да ми го прати договорот, ми рече ‘сега ќе се јавам кај секретарката и ќе ви го испратам’. Ми го испрати, отворам јас, нашите потписи беа на последната страница, во една точка пишуваше дека фирмата на Силјан Мицевски треба да плати околу 1 милион и 500 илјади евра, но тоа не ни беше прочитано при потпишувањето. Тоа да се прочиташе, јас ќе поставев прашање зошто толку чини“, изјави Кухар

Изјавите на Кухар предизвика хаос во судницата по што обвинетата Христина Блажевска упати навреди кон сведок и обвинителката, на што се приклучи и Бојан Јовановски, а судијакта повика судска полиција за да го врати редот во судницата.

На наредното рочиште одговори за спорните договори за изградба на домови за стари лица ќе дава бизнисменот Силјан Мицевски, а обвинетите Бојан Јовановски, неговиот татко Миле Јовановски, асистенката Христина Блажевска, потпретседателка на Меѓународен сојуз Јасна Мандиќ и Фросина Ременски  ќе се обидуваат да докажат дека не ги сториле кривичните дела измама, перење пари и помагања на овие дела.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мајката Невена Спасеска повикана во обвинителство, осомничена е за одземање на дете

Дејан Дејан

Битолскиот суд „одмрзна“ три милиона евра на компанијата „Руд Коп“ – на барање на Обвинителството повторно ги блокира

Дејан Дејан

Врховен ја поништи зголемената пресуда за дрога на Васил Јованов – Апелација го осудила без да го викне

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе