Мнозинството не може да направи кворум бидејќи двајца пратеници се во изолација.
ВМРО-ДПМНЕ како услов за да направи кворум побарала наместо за 30 точки утре да се расправа само за три, што за претседателот Џафери не е прифатливо, бидејќи тоа не го овозможува процедурата. А и рече дека нема да дозволи да биде условуван.
Утрешната 36. седница, на чиј дневен ред се 30 точки, е одложена на неодредено време додека не се обезбеди кворум од 61 пратеник, соопшти денеска претседателот на Собранието Талат Џафери.
„Од денеска натаму нема да ризикувам да свикувам седница на која ќе дојдат 60 пратеници, во салата, а другите ќе дојдат за да се потпишат и да ме условуваат за кворум“,
За Џафери е нејасно однесувањето на опозицијата која го условува доаѓањето на седница бидејќи, како што вели, на оваа иста седница се и двете интерпелации за министерот за правда Бојан Маричиќ и за вицепремиерот Љупчо Николовски, поднесени токму од опозицијата.