Сликар и уметник. Сведок на тогашното специјално јавно обвинителство. Но, претходно управител на фирмата „Финзи“ . Коста Крпач се самоуби пред 4 години во стан во Скопје, а обвинителите Трајче Пеливанов и Артан Ајро оттогаш се обидуваат во судкиот процес „Трезор“ да докажат дека преку фирмата „Финзи“ со која управувал Крпач, од 2010-2015 та година првите луѓе во УБК успеале да испумпаат 860 илјади евра од буџетот на МВР набавувајќи систем за следење комуникации.
Иако нефункционален, за него со анкеси кон „Финзи“ биле исплатени и 285 илјади евра за одржување иако фирмата имала само еден вработен по занимање сликар. Во денешните завршни зборови обвинителското дуо ќе посочи дека целтта на истрагата била да се покаже кај кого завршиле парите од разликата во цената.
„Финзи” ДОО Скопје е регистрирaна во САД, а од братот на обвинетиот Стајковиќ за потоа да ја презеде починатиот Коста Крпач. Обвинителите истрагата ги однела до крајниот сопственик, бизнисменот Орче КАмчев кој, пак, во тој период е во блиски релации со Мијалков.
Дека Мијалков е директно вмешан обвинителите во процесот ги понудиле и транскриптите од опозициските бомби, во кои се чита и слуша дека Мијалков лично разговарал со надлежни институции набавката на опремата да се одвива непречено.
Криминалот според тезата на обвинителството започнал кога првите луѓе во УБК, а сега обвинети и пред пресуда Сашо Мијалков, неговиот тогашен шеф на кабинет Тони Јакимовски, и началникот на петта управа Горан Грујевски како и помошникот министер во МВР Небојша Стајковиќ одлучиле и наредиле да се отпочне процесот на набавка на ваков софтер, но не директно туку преку фирмата посредник „Финзи“ Доо- Скопје.
Опремата е купена од британската фирма „Гама интернешнл“, со која тројца од обвинетите имале средба во Лондон. Подоцна иако процената на еден денар вредност, оваа опрема била наводно одржувана од „Финзи“ за 285, илајди евра или 30 илајди евра месечно. Тројца од обвинетите без Стајковиќ веќе добија затворски казни во предметот „Таргет-Тврдина“, кој се однесува на масовното прислушување во земјата и на уништување на опремата за прислушување во УБК со цел скривање на доказите.
Недостапен за судот е Горан Грујевски кој е во бегство во Грција, а во Таргет Тврдина доби 15 годишна затворска казна додека неговиот Шеф Мијалков е првостепено осуден на 12 години по што обивнителстовто побара, Мијалков избега, па се врати и сега е на издржување на мерката притвор во исражниот затвор-Скопје.
Павле Беловски