Свет

ЕМА: Ивермектин да не се користи за лекување на Ковид-19

Лекот ивермектин не треба да се користи за лекување на Ковид-19 надвор од клиничките испитувања, порача Европската агенција за лекови (ЕМА).

Како што пишува весникот Гардијан, повеќе месеци ивермектинот се посочува како чудотворен лек.

ЕМА објасни дека ги разгледале најновите докази за употребата на ивермектинот како превенција и третман на Ковид-19 и заклучиле дека дополнителните податоци не ја поддржуваат неговата употреба против коронавирусот надвор од клиничките испитувања.

Агенцијата со седиште во Амстердам соопшти дека не добила документи со кои се одобрува употреба на лекот, кој долго време се користи за лекување на некои паразити, вклучително и вошки.

Според ЕМА, потребни се дополнителни истражувања за да се утврди неговата ефикасност против коронавирусот.

Лабораториските тестови откриле дека лекот може да ја блокира репликацијата на вирусот кој предизвикува Ковид-19, но со многу повисока концентрација на ивермектин.

Токсичните последици од тие повисоки дози не можат да се исклучат, додава Агенцијата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гласање за обемниот буџет на Трамп – демократите во обид да го сменат или блокираат законот за даноци со амандмани

Дејан Дејан

Венс: Ерата на американска доминација во светот е завршена

Дејан Дејан

Две жртви на временски непогоди во Италија – црвен метеоаларм во 18 градови

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе