Вести Македонија Топ вести

Во Тетово удвоен бројот на хоспитализации, сите пациенти на кислородна поддршка

35 лица со ковид 19 се хоспитализирани на одделенијата во Клиничката болница во Тетово. Бројот е двојно зголемен во споредба со од пред две недели, а лекарите очекуваат дека бројките ќе растат и во периодот што следи. Засега има слободни кревети, меѓутоа ако продолжи зголемувањето на бројките ќе биде потребна нова реорганизација на работата на медицинскиот кадар и болничките капацитети.

Според лекарите зголемувањето на бројот на новозаразени со коронавирус се должи и на тоа што граѓаните се опуштија и не ги почитуваат доследно мерките за заштита од ширење на заразата со коронавирусот. Маска на лицето ретко се носи, а се прават и семејни прослави, како да нема пандемија.

Инаку, во вчерашната ковид статистика беа регистрирани 3 лица од тетовско кои ја загубиле битката со болеста, а 17 биле позитивни на тестот за ковид 19. Во овој регион бројката на активни случаи достигна 446.

Данијела Билбилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пратеникот Аднан Азизи именуван за шеф на изборниот штаб на коалицијата Вреди

Дејан Дејан

Брза пруга со британски пари – откажани се европските за реконструкција

Дејан Дејан

Дивоградбите во Чаир причина за расправа меѓу советниците во Градот Скопје

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе