Македонија Топ вести

Голема количина мазут се излеа на брегот на Дебарското Езеро

На брегот на Дебарско Езеро, на делот кај месноста „Венец“ излеана е поголема количина мазут. На оваа, како што ја оценуваат кафастрофа, најпрво алармираа спортските риболовци, кои секојдневно се на брегот на езерото.

-Траги од мазут има уште од под мостот кој е на самиот излез од градот на патот Дебар – Маврово и таа стигнува се до езерото. Катастрофа. Само што пополека почна да се збогатува рибниот фонд, кого го сотреа рибокрадци и поранешни концесионери, еве сега и ова, револтирано додаваат рибарите.

Од општината велат дека веднаш откако завчера биле алармирани за тоа ги презеле потребните чекори.

-Точно е дека има излевање на мазут на еден дел од езерото. Пријавивме во Одделенето за внатрешни работи, по што нивни и претставници од општината изврија увид. Ќе бидат повикани и стручни лица од ова област кои треба да ја утврдат причната, изјави за МИА, градоначалникот Хекуран Дука.

И од полицијата потврдуваат дека е завршен увид и оти се работи на утврдување на причините, по што „ќе биде поднесена соодветна пријава“.

Од концесионерот на езерото, Спортското риболовно друштво „Трофта“ не сакаа да ја коментираат, велат дека чекаат одговор од надлежните.

Засега нема информации за угината риба, бидејќи, како што велат поради ниските температури рибата вообичаено се засолнува на поголема длабочина, штета врз флората и фауната секако ќе има. Угинати се само неколку езерски патки.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

СДСМ на локалните избори нема да кандидира градоначалници во седум општини

Дејан Дејан

Главниот државен ревизор Ацевски вели дека 80 отсто од склучените договори за јавно приватно партнество се склучени на ниво на општини што укажува на недоследности

Дејан Дејан

Ацевски: Финансирани се 67 проекти на 41 општина без објективни критериуми

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе