Македонија Топ вести

Министерството за здравство демантира дека „посредник – српски државјанин“ се набавувала вакцината Спутник В

Министерството за здравство во целост ги демантира лагите и дезинформациите објавени на неколку медиуми дека Република Северна Македонија преку „посредник – српски државјанин“, ја набавила вакцината против Кови 19, Спутник В производство на рускиот Центар „Гамалеја“. Станува збор за целосно неточни информации и бараме овој демант да биде објавен во целост.

Министерството за здравство ја информира јавноста дека набавката на вакцината Спутник В од самиот почеток се одвива во директна комуникација со Рускиот инвестициски фонд во Москва и нема никаков посредник во комуникацијата. Првите 3.000 дози вакцини веднаш пристигнаа откако МЗ го потпиша договорот за набавка на 200.000 вакцини од проиводителот на вакцината Спутник В.

За набавка на вакцини против Ковид 19, без разлика дали станува збор за Спутник В, Синофарм, Астра Зенека или Фајзер, или Ковакс механизмот, нашата држава ја плаќа цената на вакцината понудена од производителот. Министерството за здравство уште еднаш потенцира дека нема провизии за ниту една набавка на вакцини против Ковид 19. Ваквите лажни вести имаат за цел намерно да го нарушат процесот на набавки на вакцини.

Министеретсвото за здравство ја цени и поддржува слободата на медиумите, истражувачкото и критичко новинарство, но укажуваме информациите до кои доаѓаат медиумите сериозно да ги проверуваат, како би се избегнало ширење на лажни вести.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

СДСМ на локалните избори нема да кандидира градоначалници во седум општини

Дејан Дејан

Главниот државен ревизор Ацевски вели дека 80 отсто од склучените договори за јавно приватно партнество се склучени на ниво на општини што укажува на недоследности

Дејан Дејан

Ацевски: Финансирани се 67 проекти на 41 општина без објективни критериуми

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе