Македонија Топ вести

Жители на Чаир и Бутел протестираа против изградба на висококатница

Жители на Чаир и Бутел денеска протестираа против најавата  на општината Бутел дека ќе се гради 30 метарска зграда на новиот булевар Хрватска. Велат дека таа за нив ќе биде ѕид кој го нарушува околниот јавен простор со пониски куќи. Градоначалникот на Бутел вели дека инвеститорот ќе гради на негово приватно земјиште и дека катноста на објектот е намалена од 11 на 7, со можност да падне на 5 ката.

На овој простор што ги дели општините Чаир и Бутел, предвиден за зелен појас, ќе никне висока зграда што ќе ни го сокрие сонцето и проветрувањето,  се жалат жители од двете општини. Тие денеска излегоа на протест, обвинувајќи ја општината Бутел дека застанала зад идејата на инвеститорот, иако тој сеуште нема добиено градежна дозвола. Жителите сметаат дека новиот објектот ќе делува како ѕид меѓу двата дела на Општината Бутел и дека е повисок од околните куќи, високи 10 до 20 метри.

  • Ни пречи тоа дека ќе го сруши редот , а тоа значи дека на некој начин ќе биде ѕид. Значи тука 30 метри, сметајте ќе го затвори целото маало. Има луѓе кои што живеат тука, нема никогаш да видат сонце, а другите нема да можат…Значи ќе ја затвори северната страна и нема да се проветрува. Тоа ќе биде како еден висок ѕид, без никакви стандарди – Сејдула Алими.

За овој проблем жителите до сега не се сретнале со надлежните од Општината Бутел, но потенцираат дека ако постапката за градење на зградата не запре, ќе превземат и други, порадикални мерки. Градоначалникот на Бутел вели дека тие не дошле на спроведената јавна презентација. Демантира дека ќе се гради на зелен појас, вели дека инвеститорот ќе ја гради на негово приватно земјиште и со намалување на бројот на планирани катови од  11 на 7, па на 5 , што допрва ќе се прецизира.

  • Во моментов, ДУП-от е во Град Скопје, кој го враќа во Општина Бутел за разгледување уште еднаш. Да видиме дали зградата може да биде на 5 ката. Информиран е инвеститорот. И од негова страна е побарано ставање во мирување на ДУП-от и ќе видиме што ќе биде за кусо време. Затоа што сите законски норми се дека може да се гради зградата – Велимир Смилевски –градоначалник на Општина Бутел.

Од Град Скопје со одговор дека имале повеќе забелешки за ДУП-от на Општината Бутел и дека е вратен на доработка заради спуштање на висината на зградата.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

СДСМ на локалните избори нема да кандидира градоначалници во седум општини

Дејан Дејан

Главниот државен ревизор Ацевски вели дека 80 отсто од склучените договори за јавно приватно партнество се склучени на ниво на општини што укажува на недоследности

Дејан Дејан

Ацевски: Финансирани се 67 проекти на 41 општина без објективни критериуми

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе