Македонија Топ вести

Уапсени синовите на Дилавер Бојку, потврди МВР

И Ербан Бојку и Бесник Бојку имале пиштоли со себе.  Возеле кон родното село Велешта, а полициските тигри им го порпечиле патот  и ги уапсиле. Ербан Бојку заради потерница за убиство и одлежување казна затвор од 21 година, а неговиот брат заработи кривична пријава за нелегално поседување оружје.

Двајцата браќа се синови на Дилавер Бојку, кој беше ликвидиран во 2017-та во Струга со куршум во челото ,за неговото убиство никој не заврши во затвор, а истрагата застана на сомнежите дека е извршено од платен професионалец по нарачка, заради крвна освета.

Полицијата не открива дали зад апсењето се крие поголема истрага.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

СДСМ објави 19 кандидати за градоначалници

Дејан Дејан

СДСМ бара вонредна седница за разрешување на претседателката на Управниот одбор на ЈП Комунална хигиена

Дејан Дејан

Обвинетите ексдиректори на Клиниката за онкологија Нино Васев и Нехад Нухи одат во ефективен притвор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе