Ковид19 Топ вести

Брегалничкиот регион под силен притисок од пандемијата

Во штипскиот Ковид центар почнува да се зголемува бројот на пациенти од истокот, кои бараат болнички третман. 55 пациенти се лекуваат во овој центар, од кои 51 се на инфективно, а четворица се во тешка состојба и се на одделот за Анестезиологија.

Британскиот сој во Брегалничкиот регион веќе ги полни и дневните амбуланти, само во Кочанската болница деновиве имаат од  100 до 200 прегледи дневно, оваа болница денеска доби дополнителни 30 кревети со отворањето на модуларната болница.

Пациенти во неа ќе се примаат од понеделник, а најголем проблем за раководството е што немаат инфектолог, па затоа се постојано на линија со штипските инфектолози
На Официјалниот старт на првата  мнодуларна болница на истокот беше и Министерот за здравство, Венко Филипче, но на самиот влез членови на Општинскиот огранок на ВМРО ДПМНЕ му приредија герила акција , на излегувањето го пресретна и првиот човек на огранокот Мирче Стојков, кој го прашуваше Филипче за недостатокот на лекари специјалисти во Кочани и зошто се задоцни со модуларната болница.
Во функција наскоро се очекува да се стави и модуларната болница во Штип, каде во моментов се поставува централниот довод за кислород, со што во овој Ковид центар ќе има над 140 болнички кревети за ковид пациенти.

Викторија Димитрова Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Бајач“ од Трубарево измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра

Дејан Дејан

Процедурата за нов судија во Стразбур стои во Влада

Дејан Дејан

Интервју со Гуалано де Годој: Македонија е првата земја во Западниот Балкан која ги разреши сите преостанати случаи на лица без државјанство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе