Македонија

Боки 13 го испрашуваше Камчев – тој возврати со обвинување за рекет

Бојан Јовановски од домашен притвор, Орце Камчев со лисици на рацето од притвор во Шутка. Повторно се сретнаа во судница. Камчев сведок, Јовановски го испрашуваше, а судијката ги опеменуваше да не си префрлуваат лични квалификации.  Камчев го обвини Бојан Јовановски за рекет, дека му нудел фиктивни проекти и рече дека за случајот „Меѓународен сојуз“ треба да одговараат и Зоран Кичеец, и Лазар Јанев и Катица Јанева. Од Јанев добил понуда да инвестира во мол за странски брендови, а до Боки 13 и „Меѓународен сојуз“ проект за згрижување возрасни лица во дом. Локацијата ја ветил Боки 13, а и субевнецијата од државата за секој пациент.

„Вториот договор беше за старечки дом, изготвен беше елаборат за лица носени од странство. Бојан бараше локација во општина Карпош и јас имав една моја локација. Не го потпишав договорот, не дека затоа што беше спорен капацитетот, туку локацијата имаше многу спорни моменти. Бројките не покажуваа профитабилна стапка“, додаде Камчев.

Камчев бил уверен од Боки 13 дека добива заштита до извршната власт а се фалел со слики и средби со политичари. Проектите ги одбил, но Камчев прифатил да плати 300, 000 евра за рекламирање и пиар услуги на телевизијате на Боки 13.

„Во Македонија нема телевизија која земала 150.000 евра од еден договор и тоа без минута рекламирање во прајмтајм“, додаде Камчев.

Тука Камчев го спомена и предметот „Империја“, односно дека му бил конструиран, зашто ги одбил понудените договори иако како што веле веќе платил рекет во телевизијата. Со здружението „Меѓународен сојуз“ Боки 13 цел град го направил мајмуни мислејќи на двете фирми градежени кои му платиле еден милион евра за проекти кои не се реализирале рече Камчев прашан како дознал за „Меѓународен Сојуз“.

Дека тие договори со „Пелистер“ – Битола и „Дрим Билдинг“ од Струга ги договарал Боки 13, а ги потпишувале сите одговорни сведочеше Агапи Дика тогашната претседателка на собранието на „Меѓународен Сојуз“. За разлика од Дика, Камчев по 4 часа чекање во ходникот  одби да биде сведок и побара да биде изземен судот му го одби барањето. Одбраната бурно реагираше зошто судот го прифатил сведокот кој воопшто не бил опфтане во истрагат за овој случај.

Рочиштето мина меѓу препирките и личните дофрлања меѓу КАмчев и Боки 13 додека обвинеттите Фросина Ременски, асистенката на Бојан Јовановски, Христина Блажевска и неговиот татко, Миле Јовановски како и потпретседателка Јасна Мандиќ немаа прашања за двајцата сведоци. Боки 13 си замина во куќен притвор, а Камчев беше вратен во истражниот затвор Скопје.

Наредното рочиште нови сведоци на обивнтилеството ќе ја докажуваат вината на обвинетите за измама, перење пари и помагање во овие кривични дела преку невладината „Меѓународен сојуз“.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Судијка од Велес ќе дели правда во Кочани

Дејан Дејан

УНИЦЕФ: Без здравствена заштита се 20.000 деца во Македонија

Дејан Дејан

Министерството за здравство, сепак, останува во „Вреди“?!

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе