Втор ден по ред лошите временски услови ги принудија организаторите да ги откажат трките од заврнуваат на сезоната од Светскиот куп во алпско скијање што се одржуваат во Ленцерхајде.
Денеска на програмата требаше да бидат машкиот и женскиот супервелеслалом, но ти се откажани поради силниот ветар и обилните врнежи од снег.
Поради тоа малите кристални глобуси за најдобрите во овие дисциплини им се доделени на Винсент Крихмаер и Лара Гут.
Организаторите веруваат дека во следните три дена нема да има проблем да се одржат трките во паралел слалом во екипна конкуренција како и натпреварувањата во слалом и велеслалом кои се на програмата во текот на викендот.