Македонија Топ вести

Рашковски: Со семејството сум на годишен одмор во Мексико

Со семејството сум на годишен одмор во Мексико, нема место за сензација, вели во изјава за Фокус поранешниот генерален секретар во Владата и советник во Владата, Драги Рашковски.

– Нема место за сензација, на годишен одмор сум во Мексико. Заминавме на 14 -ти и таму ќе бидеме до 31 овој месец. Три години не сум бил на одмор, на сопругата ѝ е роденден. Следам сѐ што се случува, вели Рашковски за Фокус.

На оваа тема денеска новимароте го прашаа и лидерот на СДСМ, Зоран Заев кој рече дека не знае каде е Рашковски и дека за тоа повеќе информации ќе даде во текот на утрешниот ден.

Државната комисија за спречување на корупцијата отвори предмет за набавка на софтверот од страна на поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, потврди денеска претседателката на ДКСК Билјана Ивановска.

По изнесените информации во медиумите, денеска на нашиот колегиум отворивме предмет сметајќи дека има доволно елементи за истражување на причините за набавката на тој софтвер, од една страна и од друга страна причината зошто тој се уште не е во употреба. И, она што беше ризично од наш аспект, несоодветната комуникација меѓу институциите и отсуството на системски пристап за утврдување на потребите. Тоа беа основните елементи по кои ние постапивме и по сопствена иницијатива, а по допрен глас од медиумите отворивме предмет” – објасни Ивановска (на 10.03’2021), одговарајќи на новинарско прашања по заедничкиот увид во новите простории со вицепремиерот за борба против корупцијата Љупчо Николовски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Алиу најави проширување на позитивната листа

Дејан Дејан

За 2,3 проценти зголемен бројот на студенти запишани во 2024/2025 во однос на претходната академска година

Дејан Дејан

Абдулахи: Секоја пречка што ја ставаат политички партии, се мотив и енергија за независните

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе